Кој јаде баклава знае дека нема насит додека не се изеде целата тепсија 🙂 Особено ако имате одличен рецепт каков што е овој на Тодор Арсовски:
Состојки за баклава:
- 500 гр готови кори (не тенки)
- 300 гр ореви
- 300 гр шеќер
- 3 лажици презла
- 100 мл масло за премачкување на корите
- 100 мл масло и 150 мл вода за преливање на корите
Состојки за шербет:
- 600 мл вода
- 600 мл шеќер
Начин на подготовка:
- Подгответе го шербетот, така што ќе ги ставите на оган водата и шеќерот околу 20 минути и потоа го оставате на страна да се излади додека се подготвува и пече баклавата.
- Тава за печење со големина 20×30 cm се премачкува со масло за готвење. Корите се сечат според големината на тавчето. Оревите исечкајте ги на ситни до средно големи парчиња и измешајте ги со презлата и 100 грама шеќер.
- Наредете три кори во тавата и секој премачкајте ја со масло за готвење. Ставете четврта кора и посипете ја со дел од мешавината од ореви, презла и шеќер. Следната кора премачкајте ја со масло за готвење, а таа после неа повторно со дел од смесата.
- Така редете додека не ви останат осте 4 кори. Од нив 3 кори се редат една врз друга и секоја се премачкува со масло за готвење.
- Во меѓувреме загрејте ја мешавината од 100 мл зејтин и 150 мл вода. Исечете ја баклавата на коцки и прелијте ја со загреаната мешавина.
- Најодозгора ставете ја и последната кора и премачкајте ја со масло за готвење.
- Ставете ја баклавата да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека не порумени, односно помеѓу 25 и 35 минути во зависност од шпоретот.
- Откако ќе се испече, баклавата се вади од рерната и се трга најгорната кора. Потоа се прелева со изладениот шербет и се остава да отстои 20 – 30 минути.
Време на подготовка кое му е потребно на Тодор: 20 минути + печење 1 час
СОВЕТ: Доколку сакате да не ви се наберат горните слоеви на кората, поклопете ги со друго тавче. Чувајте ја баклавата во фрижидер, покриена со фолија.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Рецепт за тигар торта за секоја прослава тука