Оризови нудли со зеленчук

Оризови нудли со зеленчук

Уште еден специјалитет, кој е многу вкусен, а го препорачуваме и за сите кои постат, се хранат вегетаријански или се љубители на Кинеската кујна.

Состојки:

  • 400 гр оризови нудли
  • тиквички
  • спанаќ
  • домати
  • пиперки
  • модар домат
  • кромид
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. На тивок оган, во сад со вода ставете ги оризовите нудли да се варат околу 5-8 минути.
  2. Зеленчукот (количина по желба) убаво го измијте ги и исечкајте го на ситни коцки.
  3. На загреано масло пропржете го зеленчукот околу 10тина минути.
  4. Откако ќе се сварат нудлите процедете ги и додадете ги во тавчето со зеленчукот.
  5. Пржете уште неколку минути и зачинете по желба.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Повеќе посни и веге јадења прочитајте тука

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Пијани печурки

Печурки во бел сос