Мекици

Мекици

Вкусот на мекици секогаш потсетува на убави мигови.

Состојки:

  • 1 кг Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 1 квасец
  • 1 шолја масло за готвење
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 шолја млака вода

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се раствора во една шолја млака вода. Потоа во длабок сад се ставаат солта и шеќерот, а постепено се додава брашното и надојдениот квасец. Замесуваме тесто и по потреба додаваме топла вода.
  2. Откако тестото добро ќе се измеси се остава на топло за да нарасне и да се удвои.
  3. Во тава на оган го ставаме маслото да се загрее.
  4. Со мрсни раце од тестото се кинат парчиња и се обликуваат тркалезни форми и една по една се пржат.
  5. Откако ќе се испржат, ги ставаме во чинија со салфета за да се исцеди вишокот масло.

Совет: За да не се лепи тестото, можете да додадете и мала чашка ракија. За посветла боја на мекиците, во тавата со масло ставете едно зрно грав.

На здравје!

Брза пита Жито Лукс