Домашен пинџур

Домашен пинџур

Јадење на кое нема насит 🙂 Одлично е и за време на пости, но и како дел од секој ручек или вечера.

Состојки:

  • 7 зелени крупни пиперки
  • 3-4 чешниња лук
  • 2 домати средна големина
  • масло
  • сол

Directions

  1. Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина.
  2. Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот. Сето тоа заедно се толчи со лукот.
  3. На крај се додава црвен домат кој е веќе потпечен и излупен. По вкус може да употребите и свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот.
  4. На крај, подгревате малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.

На здравје!

Фото: Ресторан Паце, Кочани

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Брза даска кога ќе ви се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки