Одличен вкус за сите љубители на префинетите десерти.
Состојки:
- 400 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
- 2 јајца
- 125мл масло за готвење
- 250 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 3 супени лажици прашок за печиво
- 1 супена лажица сол
- 100 гр чоколадо или чоколаден чипс
- готов шлаг
- трошки во боја
Начин на подготовка:
- Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење.
- За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.
- Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме чоколадниот чипс или чоколадото исечкано на ситни парчиња.
- Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои претходно ставаме хартиени мали корпи.
- Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени 20-25 минути.
Добар апетит!