Салата Примавера

Салата Примавера

За убав пролетен дел и одлично предјадење за секој викенд ручек 🙂 Еве го рецептот на Ана:

Состојки:

  • 1 дланка рукола
  • 1 краставица
  • 1 домат
  • 5 листови зелена салата
  • 2 ротквици
  • 1 шолја замрзната пченка
  • 2 млади кромитчиња
  • 1 кафена лажица мешавина од мелени семиња

Начин на подготовка:

  1. Зелената салата, руколата и  младиот кромид измијте ги убаво. Марулата и руколата исечкајте/искинете ги на парчиња, а кромидот исечете го на тркалца.
  2. Краставицата, ротквицата и доматот, измијте ги и исечкајте ги на мали парчиња.
  3. Замрзнатата пченка сварете ја според упатството на кесичката. Ана за оваа салата вели дека употребува Пекабеско замрзната пченка.
  4. На крајот зачинете со 1 лажичка мешавенина од мелени семиња, како и со маслиново масло за јадење и сол, а по вкус може и со соја сос.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Посна пица

Брзо посно предјадење за целото семејство

Неодолива крем салата

Свежа салата со брокула

Брз појадок со туна салата

Макарони салата

Свежа морков салата