Крцкаво печени ребра премачкани со сос од мед

Крцкаво печени ребра премачкани со сос од мед

Еве едноставен совет и рецепт на Ана за да приготвите крцкаво печени ребра премачкани со мед и соја сос.

Најпрво ребрата ставете ги да се варат во тенџере со загреана вода и малку сол.

Направете сос од 1 лажичка мед и 1 лажичка соја сос и премачкајте ги ребрата од двете страни.

Ставете ги да се печат во рерна на 200 степени околу 20 минути.

И тоа е тоа, ќе добиете вкусни и крцкаво печени ребра 🙂

Можете да ги сервирате со крцкав печен компир во рерна или со компир со кромид и сусам. Секако и со свежа салата за која пролетта изобилува со состојки.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Ребра со кисела зелка

Гнездо од компири со селско месо

Отворена првата вегетаријанска месарница

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар