Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Боранија со тиквица – одличен детокс специјалитет, а освен за секојдневен вкусен ручек, препорачуваме да ја подготвите доколку постите или се храните вегетаријански.

Состојки:

  • 2 пакувања замрзната жолта боранија
  • 2 тиквици
  • 1 домат или 100 мл доматно пире
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 500 мл млака вода
  • масло за јадење
  • сол, црн бибер и дафинка по вкус
  • магдонос по вкус

Начин на готвење:

  1. Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне.
  2. Потоа го додаваме ренданиот домат и ситно сецканата зелена пиперка.
  3. Кога овие состојќи ќе заруменат во садот ја додаваме жолтата боранија и тиквиците кои се претходно излупени и исечкани на тркалца или мали парчиња. Ана за овој рецепт употребила жолта боранија на Пекабеско.
  4. Продолжуваме со динстање додека боранијата и тиквицата не омекнат.
  5. Кога состојките се омекнати додаваме 300 мл млака вода, еден морков исецкан на тркалца, 1 лажичка вегета, сол и црн бибер по вкус.
  6. Го затвораме садот и ја оставаме боранијата на тивок оган 30-40 минути откако ќе зоврие.
  7. Пред самиот крај додаваме ситно сецкан магдонос по желба.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Повеќе од 80 посни и веге рецепти

Потпечена боранија

Шарена боранија

Леќа со печурки

Тавче гравче