Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Овој рецептен е доста интересен затоа што пилешкиот стек го маринирате, а во исто време го подготвувате за похoвање и на крај го печете во рерна. Резултатот е фантастичен, погледнете како да го направите:

Состојки:

  • 600 гр пилешки стек
  • 3 јајца
  • 1 лимон
  • презла
  • брашно
  • буковец
  • сенф
  • зачинал
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Маринирајте го стекот во сенф, маслиново масло и зачинал, малку посолете и оставете го да отстои.
  2. Во еден сад ставете 3 јајца, измешајте ги добро и додајте го лимоновиот сок.
  3. Во друг сад ставете брашно, а во трет сад ставете презла. Потопете ги веќе маринираните парчиња стек најпрвин во јајцата, потоа убаво поминете ги од сите страни во брашното и на крај во презлата.
  4. Ставете ги во плехче кое е претходно измачкано со маслиново масло. Оставете ги парчињата стек да се печат во загреана рерна на 300 степени до 50 минути. На крај сервирајте со домашен сос, лимон и малку кромид и прилог по желба.

СОВЕТ: Доколку сакате стекот да биде пикантен во презлата додадете малку буковец.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки