Солени мафини со козјо сирење

Солени мафини со козјо сирење

Одличен рецепт за сите кои уживаат во вкусот на мафини и домашната кујна, а не сакаат премногу време да поминуваат во кујна:

Состојки:

  • 3 јајца
  • 150 гр маслиново масло
  • 150 гр кефир / јогурт
  • 50 гр сецкани маслинки
  • семки од лен, од сончоглед и тиква
  • 150 гр козјо сирење
  • 2 рендани моркови
  • сол
  • бибер
  • 1 прашок за пециво
  • 8 лажици брашно

Начин на готвење:

  1. Се матат јајцата, по што им се додава зејтинот и кефирот, зачините, сирењето, морковот и маслинките, семките и брашното. Ние употребивме 2 лажици р’жано и 6 лажици бело брашно.
  2. Сè се меша со дрвена лажица, се намрсуваат калапите за мафини и се полнат со смесата.
  3. Се печат на 200 степени околу 20 минути.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Неодоливо: Топ 10 мафин рецепти

Чоколадни мафини

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Ултра брзи пица мафини

ВИДЕО: Како да направите солени мафини за 3 минути

singlepost_text