Ремек дело во кујната: Леб од банана

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Многу едноставен и брз рецепт, а резултатот на крај е фантастичен. Прочитајте како се прави овој специјалитет на Тоше:

Состојки:

  • 350 гр брашно
  • 2 мали лажици цимет
  • 2 мали лажици прашок за печиво
  • 1/4 мала лажица сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 150 гр кафеав шеќер
  • 250 мл маслиново масло за готвење
  • 3 јајца
  • 1 мала лажица ванилин шеќер
  • 3 пасирани банани
  • 2 лажици мед

Начин на готвење:

  1. Ставете ги брашното, циметот, прашокот за печиво, сода бикарбоната, солта и шеќерот и промешајте ги во сад за миксање.
  2. Направете длабнатина и во неа додадете ги маслиновото масло, јајцата и ванилиниот шеќер и почнете да да матите со миксер. За кратко додајте ги пасираните банани.
  3. Смесата ставете ја во сад за печење и ставете ја во веќе загреана рерна на 180 степени. Печете 40-50 минути, а на крај додека лебот е уште топол премачкајте го со мед.

Прекрасен десерт!

Прочитај поврзани рецепти:

Супер брзи овошни тортиљи

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Домашен леб со маслинки

ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Посно пире од зеленчук

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

singlepost_text