Домашни кифлички

Домашни кифлички

Топлите кифлички секогаш го собираат целото семејство дома. Еве како да ги приготвите:

Состојки:

  • 1 кг Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 1 квасец
  • 250 мл млеко
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажичиња шеќер
  • 100 гр путер
  • сусам
  • млака вода по потреба

Домашни кифлички

Начин на подготовка:

  1. Во сад го ставаме квасецот со шеќерот и млакото млеко за да надојде.
  2. Во посебен сад ги ставаме брашното и солта и кога квасецот ќе се активира го додаваме во садот со брашното. Замесуваме меко тесто. Доколку е потребно за да стане тестото меко во месењето додаваме малку млака вода.
  3. Убаво изработеното тесто го оставаме на топло за да нарасне.
  4. Во меѓувреме тавата за печење ја премачкуваме со путер.
  5. Кога тестото ќе биде готово од него формираме мали топчиња, секое топче го расукуваме и го виткаме за да формираме кифличка.
  6. Кифличките ги редиме на тавата за печење. На секоја кифла наросуваме сусам и ставаме по едно парче путер. Вака приготвените кифлички ги оставаме уште половина час да нараснат.
  7. Печеме на температура од 180 степени околу 40 минути.

На здравје!

Брашно Жито лукс Екстра бело Тип 400