Чоколадни мафини

Чоколадни мафини

Овој рецепт ќе ги воодушеви сите и поради вкусот на мафините, но и со нивниот беспрекорен изглед.

Состојки:

  • 400 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 јајца
  • 125 мл масло за готвење
  • 250 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 3 супени лажици прашок за печиво
  • 1 супена лажица сол
  • 5 лажици какао во прав или 100 гр растопено чоколадо за готвење
  • готов шлаг
  • трошки во боја

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.
  2. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме какаото или чоколадото растопено на пареа.
  3. Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи.
  4. Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.
  5. Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со шлаг и трошки во боја.

Воодушевете ги гостите на вашата следна домашна прослава!

Брашно Жито лукс Екстра бело Тип 400