Мафини од банани

Мафини од банани

Доколку инвестирате во калапи за мафини, секојдневно можете да приготвувате брзи и разноврсни солени и благи мафин специјалитети. Еве го денешниот мафин рецепт на Ана:

Состојки:

  • 3 банани
  • 2 јајца
  • 300 гр овесни снегулки
  • 100 гр пченични снегулки
  • 1 прашак за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • кокосово масло

Начин на подготовка:

  1. Бананите се пасираат и се додаваат јајцата.
  2. Потоа ги додавате и другите состојки. Сé се меша додека смесата не се соедини.
  3. Ставете ја смесата  во калапи за мафини претходно премачкани со кокосово масло.
  4. Се пече 30 минути на температура од 180.
  5. Декорирајте со шеќер во прав и свежа јагода.

Готви со љубов и уживајте во вкусот 🙂

Прочитај поврзани рецепти:

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

ВИДЕО: Како да направите солени мафини за 3 минути

Ултра брзи пица мафини

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Мафин пита со јаболка