Пикантен омлет со спанаќ

Пикантен омлет со спанаќ

 

За појадок ви предлагаме да приготвите многу вкусен пикантен омлет со спанаќ. Еве како:

Ingredients

  • 3 јајца
  • 100 гр спанаќ
  • пармезан
  • лук
  • оригано
  • нане
  • лута пиперка
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Земете свеж спанаќ и измијте го убаво. Исецкајте го, но не на ситни парчиња и ставете го да се запржи на среден оган со масло за готвење, лук, оригано и нане.
  2. Откако ќе омекне спанаќот, засилете го оганот и додадете ги претходно изматените јајца. Малку промешајте.
  3. На крај додајте го пармезанот и оставете го омлетот уште малку да се пржи.
  4. Сервирајте со свеж домат.
  5. По избор можете во омлетот да додадете плус сирење, печурки, маслинки или луто пиперче.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин

ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

Печен спанаќ со јајца

Салата со белки и спанаќ

Вкусен и свеж појадок – омлет со сирење