Брзи овесни мафини

Брзи овесни мафини

Човек секој пат може да се изненади колку различни и прекрасни рецепти за мафини постојат. Овој рецепт на Ана е еден од нив 🙂

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 2 јајца
  • сол
  • 300 гр спанаќ
  • 125 гр сирење
  • 125 гр кашкавал

Начин на готвење:

  1. Овесните снегулки се мешаат во сад заедно со изматените јајца, како и со сите останати намирници кои се претходно иситнети на парчиња.
  2. Смесата се става во калап за мафини.
  3. Се пече помеѓу 20 и 25 минути на температура од 220 степени додека мафините не заруменат.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

ВИДЕО: Како да направите солени мафини за 3 минути

Ултра брзи пица мафини

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Мафин пита со јаболка