Гнездо од компири со селско месо

Гнездо од компири со селско месо

Овој вкусен специјалитет ни го испраќа Сања, а посебно интересна му е формата и начинот на кој се сервира. Прочитајте како:

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 200 мл млеко
  • путер
  • 700 гр свинско месо
  • 250 гр печурки
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 лажичка сенф
  • кечап
  • масло за готвење
  • зачини
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Компирите ги лупиме, миеме и ставаме во сад со топла вода да се варат. Кога ќе бидат сварени ги цедиме, пасираме и додаваме сол, млеко и малку путер.
  2. Месото го сечкаме на коцки, му додаваме зачини, масло и вода и го ставаме во сад да се динста околу 1 час.
  3. На загреано масло ги пржиме исецканиот кромид, морковот и печурките. Откако ќе завршиме со пржење, смесата од кромид, морков и печурки ја мешаме со месото и продолжуваме со динстање.
  4. Пред крајот додаваме една кафена лажица сенф, малку кечап и исечкан магдонос.
  5. Од пирето од компири правиме форма на гнездо и го полниме со месото.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Ќофтиња во доматен сос