„Успеавме!!! Својата страст кон здравата храна Јелена и јас ја преточивме во ресторан кој ќе се вика Eqvita“, напиша вчера на својата официјална Facebook страна тенисерот број 1 во светот, Новак Ѓоковиќ.
Официјалното отворање на овој ресторан кој се наоѓа во Монте Карло ќе биде за неколку недели, а брачната двојка Ѓоковиќ го претстави ресторанот на најблиските роднини и пријатели. Тие се заблагодарија на целиот тим кој работи на овој нивен проект.