Домашна пица капричиоза

Домашна пица капричиоза

Нов пица рецепт на Ана, овојпат за домашна пица капричиоза. Еве го рецептот:

Состојки за подготовка на тесто:

  • 500 гр брашно
  • 3 мали лажици сол
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 квасец или прашок за печиво
  • 200 мл вода
  • 50 мл млеко
  • масло за готвење

Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. Оставете го во сад да стаса околу 1 час.

Состојки за фил за пица:

  • 250 гр кашкавал ило моцарела
  • 150 гр шунка
  • 50 гр свежи печурки
  • 50 гр маслинки
  • кечап или доматен сос
  • пченка (по вкус)

Начин на готвење:

  1. Тестото го расукуваме во правоаголно или округло тавче. Премачкајте го со кечап или доматен сос по целата површина.
  2. Кашкавалот го рендаме, а шунката која е претходно исечена на тенки парчиња, дополнително ја делиме на половинки. Печурките убаво ги миеме и ги сечеме на тенки парчиња. Маслинките ги чистиме од семки и ги сечкаме на кругциња. Ана за овој рецепт употребила ајдамет Интерлат и шунка на Пекабеско.
  3. Врз расуканото тестото редиме по следниот редослед: половина од кашкавалот, шунка, маслинки, печурки и втората половина од кашкавалот. По вкус, можете да додадете и малку пченка.

СОВЕТ: Ана вели дека замрзнатата пченка не мора да се вари, туку само да се промие под млаз топла вода и да се употреби за оваа многу вкусна пица.

Прочитајте поврзани рецепти:

Посна пица

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами