Пролетна супа

Пролетна супа

Пролетта е одличен период од годината за топење килограми и детоксикација на организмот. Иако температурите се повисоки, супата нека ви биде секојдневно на менито бидејќи е еден од најголемите сојузници во овој процес.

Состојки:

  • 2 моркова
  • 1 компир
  • 100 гр брокула
  • 50 гр пашканат
  • 50 гр корен од целер
  • магдонос
  • 1,5 л вода
  • 1 лажица масло за готвење
  • 2 зеленчукови коцки за супа
  • фиде

Начин на готвење:

  1. Целиот зеленчук го сечкаме ситно. Морковот и компирот може да бидат и изрендани.
  2. Во сад за варење на оган ја додаваме водата. Откако водата ќе се загрее, го додаваме целиот зеленчук и маслото за готвење.
  3. Кога ќе почне да врие, се додаваат зеленчуковите коцки и една рака фиде.
  4. Оставаме на умерена температура да се вари околу 20 минути.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Крем чорба од тиква и компири

Крем супа од брокула

singlepost_text