Класичен крем карамел

Класичен крем карамел

Одличен десерт за сите кои ја обожаваат вкусната комбинација и арома на карамел, јајца и ванила. Прочитајте како да направите класичен крем карамел по рецепт на Биљана:

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 8 јајца
  • 400 гр шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Начин на готвење:

  1. Во тава на оган ставаме 200 грама шеќер да се растопи. Топиме на умерена температура.
  2. Кога шеќерот ќе почне да се врие и да се карамелизира го тргаме од оган.
  3. Секоја алуминиумска модла прво ја полниме со 1 супена лажица карамел.
  4. Во тенџере на оган го ставаме млекото да се загрее.
  5. Јајцата ги матиме заедно со останатите 200 грама шеќер со миксер на умерена брзина или пак рачно со жица за матење. Го додаваме топлото, но незовриено млеко и ванилиниот шеќер и продолжуваме со матење на смесата сè додека шеќерот не се растопи во целост.
  6. Потоа смесата се распределува во модлите и се редат во тава која пак се полни 3/4 со вода.
  7. Водата во тавата не треба да зовире и затоа на секои 25 минути се додава ладна вода во тавата.
  8. Се пече на температура од 140 степени час и половина.
  9. Откако ќе се испече крем карамелот, модлите се остваат на собна температура за убаво да се изладат и дури потоа се ставаат во фрижидер.

На здравје!

Прочитајте поврзани рецепти:

ВИДЕО: Чоколадна топка со карамела и кикирики

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Капкејк мафини

Крем карамел

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

За секоја прослава – Тигар торта

Најдобар рецепт за домашен чизкејк

singlepost_text