Брзи друштвени тортиљи за 5 минути

Брзи друштвени тортиљи за 5 минути

Одличен и брз рецепт за викенд дружење со пријателите или предјадење. Прочитајте го овој рецепт на Ана за тортиљи кои ќе ги приготвите за 5 минути.

Состојки:

  • 16 готови тортиљи
  • 1 кг моцарела
  • 250 мл домашна салца

Начин на подготовка:

  1. Моцарелата ја рендаме во посебен сад. Употребете тврда моцарела. По желба може да користите и мешан кашкавал.
  2. Една тортиља ставаме во сад за редење. Врз неа нанесуваме околу 125 грама од ренданата моцарела.
  3. Одозгора ставаме втора тортиља.
  4. Така подготвена ја ставаме на загреан обичен или тостер за вафли.
  5. Постапката ја повторуваме и за останатите тортиљи.

Се сервираат исечени на триаголници со сос од домашна салца.

Добар апетит!

Прочитај поврзани рецепти:

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Брзо мезе за ненајавени гости

singlepost_text