Ќофтиња во доматен сос

Ќофтиња во доматен сос

За некого омилено јадење уште од градинка 🙂 Еве Gotvi.mk рецепт за да приготвите ќофтиња во доматен сос:

Состојки за ќофтињата:

  • 500 гр говедско или мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 парче леб
  • 1 јајце
  • магдонос
  • зачини по вкус
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Во подлабок сад го ставаме меленото месо во кое додаваме едно парче леб претходно натопено со вода и убаво исцедено, јајцето, кромидот исечкан на ситни коцки или пак изрендан, ситно сечканиот магдонос, зачините и малку масло за јадење.
  2. Смесата убаво се меси со рака и потоа од неа се формираат мали топчиња. Топчињата ги редиме на чинија, ги покриваме со фолија и оставаме во фрижидер половина час убаво да се стегнат и да се соединат сите состојки.
  3. Добиените ќофтиња ги пржиме на загреано масло и потоа ги вадиме на чинија.

Состојки за сосот:

  • 2 лажици брашно
  • 500 мл доматно пире
  • масло за јадење
  • половина китка магдонос
  • вода по потреба
  • зачини по вкус

Начин на готвење:

  1. Додека се пржат ќофтињата, во тава на оган го додаваме маслото да се загрее. На загреаното масло кратко го пропржуваме брашното.
  2. Потоа го додаваме доматното пире, водата и магдоносот.
  3. Вариме 20 минути повремено мешајќи. Кога сосот ќе почне да се згуснува во него ги додаваме ќофтињата.
  4. Динстаме уште 15 минути и потоа го тргаме јадењето од оган.
  5. Ќофтињата во сос од домати ги послужуваме со пире од компири.

Пријатен ручек!

Прочитајте поврзани рецепти:

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Шарска плескавица

Домашни ќофтиња

Гурманска домашна плескавица

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Ќофтиња од тиквица

Мусака со карфиол и мисиркино месо

15 Коментари

  1. Pingback: ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет – Gotvi.mk

  2. Pingback: Најдобар рецепт за домашно ќофте – Gotvi.mk

  3. Pingback: ВИДЕО рецепт: Ќофтиња на шведски начин – Gotvi.mk

  4. Pingback: Салата од млад компир и шери домати – Gotvi.mk

  5. Pingback: Домашен чизбургер – Gotvi.mk

  6. Pingback: Плескавица во пица лепче со кајмак – Gotvi.mk

  7. Pingback: ВИДЕО: Рецепт за крцкави компирчиња на шведски начин – Gotvi.mk

  8. Pingback: ВИДЕО: Рецепт за најскапиот бургер во светот – Gotvi.mk

  9. Pingback: Ручек идеја: Пилешки ќофтиња со пржени компирчиња – Gotvi.mk

  10. Pingback: ВИДЕО: Заборавете на плескавиците: Ќофтиња во чаша готови за миг – Gotvi.mk

  11. Pingback: Ова не сте го знаеле за пиперките – Gotvi.mk

  12. Pingback: ВИДЕО рецепт: Направете хамбургер мафини – Gotvi.mk

  13. Pingback: Наједноставно ќофте во сос: Со тестенини или пире, вкусот е фантастичен! – Gotvi.mk

  14. Pingback: Рецепт за турско ќофте – Gotvi.mk

  15. Pingback: Печени макарони со јогурт – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*