Брзи роденденски сендвичи

Брзи роденденски сендвичи

Роденденот е ваш ден и треба да си поминете најубаво, а не целото време да го поминете во кујна. Еве еден испробан Gotvi.mk предлог за брзи роденденски сендвичи кои „одат како алва“ 🙂

Состојки:

  • леб на парчиња
  • крем сирење
  • кашкавал
  • кулен
  • чајна
  • шери домати

Начин на подготовка:

  1. Парчињата леб ги сечеме дијагонално за да добиеме триаголници како на сликата. Секој триаголник го премачкуваме со крем сирење
  2. Парчињата кашкавал ги сечеме дијагонално за да добиеме триаголници и ги ставаме врз намачканото парче леб.
  3. Додаваме парче кулен, парче чајна или друг сувомесен производ по желба. Ние употребивме кулен и чајна на Пекабеско.
  4. Одозгора ставме половина шери домат. Ги редиме на чинија и послужуваме.

Пријатна забава 🙂

Прочитајте поврзани рецепти:

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости

Брза даска кога ќе ви се најават гости

 

singlepost_text