Канелони болоњезе

Канелони болоњезе

Богат ручек кој содржи мешавина на вкусови и идеална комбинација за сите кои обожаваат тестенини. Прочитајте како:

Состојки:

  • 300 – 350 гр мелено месо
  • 300 гр доматен сос со босилок
  • сол, рузмарин, мајчина душица, босилок, црн пипер, ловоров лист и сушени лук и кромид по вкус
  • 350 гр едамер кашкавал
  • 150 гр моцарела
  • 250 гр солена павлака за готвење.
  • 30 гр масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Месото убаво се запржува со малку масло за готвење. Кога ќе биде готово го посолуваме и додаваме малку црн пипер, ловоров лист, како и мајчина душичка, рузмарин и босилок.
  2. На крај ги додаваме лукот, кромидот и доматниот сос со босилок. Сè оставаме убаво да врие на тивко додека да се добие убава густа смеса.
  3. На малку намрсено тавче се става половина од солената павлака за готвење па се редат крукчињата од половина од моцарелата и половина од ренданиот кашкавал.
  4. Канелоните се полнат со отприлика по три-четири мали лажички од смесата и откако ке се наполнат сите врз нив се додава остатокот од павлаката за готвење, потоа моцарелата и кашкавалот. Доколку на кесичката од канелоните има упатство дека треба да се сварат, направете го тоа.
  5. Се покриваат со алуминиумска фолија за да не се препече кашкавалот, а канелоните внатре да останат живи. Печеме околу 30 минути на температура од 200 степени.
  6. Пред крај тргнете ја фолијата и печете додека канелоните одозгора да ја добијат посакуваната боја.

СОВЕТИ: Сервирајте ги со додаток кисело млеко или павлака за да бидат највкусни. Можете да го искористите истиот рецепт и за лазањи, а ако немате ниту лазањи, ни канелони можете да го подготвите овој рецепт со макарони кои се претходно сварени според упатството на кесичката.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Тортелини со сланина и павлака

Паста и сос по домашен рецепт

Јуфки трио формаџо

Паста поло

„Mac and Cheese“ како домашен специјалитет

singlepost_text