Мисиркина супа со просо и овесни снегулки

Мисиркина супа со просо и овесни снегулки

Многу интересен рецепт за супа кој ни го испраќа Ана. Несекојдневно, но многу вкусно и добро за промена.

Напоменуваме дека иако времето се стоплува, супите треба да останат и понатаму на вашето мени. Особено оние зеленчукови пролетни 🙂

Состојки:

  • бут од мисирка
  • целер
  • морков
  • кромид
  • куркума
  • домат или доматен сос
  • просо
  • овесни снегулки

Начин на готвење:

  1. Се вари бут од мисирка со корен од целер, морков и кромид.
  2. По половина час се вади мисиркиниот бут, а зеленчукот кој останува во тенџерето се посолува.
  3. Во тенџерето додајте 1 кафена лажичка куркума во прав, една лажица црпалка домат или домашна салса, 3 супени лажици просо и 3 супени лажици овесни снегулки. Според Ана, најдобри овесни снегулки за овој рецепт се оние кои се продаваат во Кам маркет.
  4. Се вари уште десетина минути и се сервира.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Зеленчукова супа

Крем супа од брокула

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

singlepost_text