Мини тортички

Мини тортички

Малите нешта ја чинат среќата – изненадете ги вашите најдраги со овие вкусни мини тортички.

Потребни состојки за тесто:

  • 2 филџани ЕСКТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 2 филџани шеќер
  • 2 филџани масло за јадење
  • 4 јајца
  • 1 филџан млеко
  • 2 филџани мелени ореви
  • 1 ќесичка прашок за печиво

Потребни состојки за фил:

  • 200 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр чоколада
  • шлаг пена

Начин на подготовка:

  1. Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред.
  2. Изматената смеса се истура во подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути.
  3. По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака.
  4. Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките.
  5. Се украсува со шлаг пена.

Добар апетит!

PACKSHOT