Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Тоа е тој вкус – Мусака во земјена тава

Земјените тава им даваат некој специфичен вкус на домашните јадења, вели Биљана чиј рецепт е овој.

Тоа е тој вкус, односно специфика како што се јадењата под сач/вршник, пицата испечена во фурна на дрва, скарата направена на жар… 🙂

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 800 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 2 домати или 200 мл доматно пире
  • магдонос
  • зачини
  • масло за јадење
  • 300 мл млака вода

Начин на готвење:

  1. Компирите ги лупиме и сецкаме на кругови.
  2. На загреано масло во тава го додаваме ситно сецканиот кромид да се пржи. Кога кромидот ќе биде добро пропржен го додаваме меленото месо и зачинуваме по вкус.
  3. Откако кратко ќе се пропржи месото го додаваме ренданиот морков и ренданите домати или доматно пире. Го ставаме и ситно сецканиот магдонос и пржиме уште кратко.
  4. Во тава за печење ставаме масло за готвење. Редиме еден ред од компирите на кругови.
  5. Врз компирите додаваме една половина од смесата со месо.
  6. Редиме втор ред компири, па ја додаваме другата половина од смесата.
  7. На крај завршуваме со уште еден ред компири.
  8. Најодозгора додаваме малку доматно пире и млака вода. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час.

На здравје!

Прочитајте поврзани рецепти:

Мусака на коцки

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо