Малиџано – одличен домашен рецепт

Малиџано – одличен домашен рецепт

Една од најбараните крем салати која можете да ја приготвите во текот на целата година. Прочитајте го овој одличен домашен рецепт.

Состојки:

  • 3 модри патлиџани
  • 100 гр мешано или овчо сирење
  • 100 гр ореви
  • 2 чешниња лук
  • 300-400 мл кисела павлака
  • масло за јадење

Начин на готвење:

  1. Модриот патлиџан го печеме во рерна и го лупиме. Го ставаме во блендер и блендираме се додека не добиеме мазна смеса.
  2. Во добиената смеса го рендаме сирењето. Го додаваме и ситно исечканиот лук. Додаваме и масло за јадење по потреба.
  3. Оревите ги мелиме и ги додаваме во смесата, а потоа ја ставаме и павлаката. Мешаме убаво да се соединат сите состојки.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Неодолива крем салата

Макарони салата

Енергетска салата

Цезар салата

Повеќе рецепти за Gotvi.mk свежи и крем салати