Шарска плескавица

Шарска плескавица

Кој пробал – знае 🙂 Кралица на плескавиците. Прочитајте го Gotvi.mk рецептот и имајте пријатен ручек.

Состојки:

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 2 главици кромид
  • магдонос
  • 3 лажици презла
  • зачини по вкус (сол, мешан сув зачин, бибер, буковец)
  • 200 гр мешан кашкавал
  • масло за јадење

Начин на подготовка:

  1. Во сад го ставаме меленото месо. Го додаваме ситно сецканиот кромид и ситно сецканиот магдонос.
  2. На смесата ја додаваме презлата, зачините и масло са јадење.
  3. Убаво ја месиме смесата и ја оставаме околу 3 часа во фрижидер со цел состојките убаво да се спојат.
  4. Од добиената смеса формираме 4 топчиња за 2 плескавици.
  5. Земаме едно од топчињата и му ставаме 100 гр кашкавал.
  6. Поклопуваме со второто топче и формираме плескавица.
  7. Истото го повторуваме и со другите две топчиња. Ги премачкуваме плескавиците со масло и пржиме на скара додека не поруменат.
  8. Се сервираат со помфрит или некоја свежа салата.

 

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

Топ 10 неверојатно вкусни Gotvi.mk рецепти со компири

3 Коментари

  1. Pingback: Ќофтиња во доматен сос – Gotvi.mk

  2. Pingback: Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко – Gotvi.mk

  3. Pingback: Бујурди – топено сирење – Gotvi.mk

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*