Салата со белки и спанаќ

Салата со белки и спанаќ

Свежа салата со доволно протеин од белката од јајце. Може да биде и одлична вечера, вели Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club 🙂

Состојки:

  • 3 белки од варени јајца
  • домат
  • спанаќ
  • краставица
  • ротквица
  • ладно цедено маслиново масло
  • хималајска сол, црн бибер

Начон на подготовка:

  1. Јајцата ги вариме 7-10 минути да бидат тврдо варени за полесно да ја отстраниме жолчката.
  2. Целиот зеленчук го сецкаме и редиме во чинија за сервирање. Одозгора ги додаваме исецканите белки.
  3. Зачинуваме по сопствен вкус.

Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука

На здравје!

*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com