Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Нешто слично на селското месо, меѓутоа сувата пиперка си го прави своето. Уживајте во овој врвен деликатес 🙂

Состојки:

  • 350 гр свинска кртина
  • 350 гр пилешки стек
  • 200 гр свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1 сува пиперка
  • 100 гр кашкавал
  • сол и бибер
  • масло за готвење

Начин на готвење:

  1. Месото се сече на коцки и се става во тава со загреано масло на оган да се пржи. Местото се динста во сопствениот сок околу 10 минути.
  2. Потоа му се додаваат ситно исецканите кромид и сува пиперка. Продолжуваме со динстање уште 20 минути.
  3. Потоа ги додаваме сецканите свежи шампињони и зачинуваме по вкус. Налеваме половина чаша вода и продолжуваме со динстање уште половина час.
  4. Откако течноста ќе испари и месото ќе порумени го додаваме ренданиот кашкавал.
  5. Промешуваме додека кашкавалот да се растопи. Сервираме со печени компири и свежа салата.

Уживај во храната и готви со љубов 🙂

Прочитај поврзани рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Печени шницли со зеленчук

Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења