Похован кашкавал

Похован кашкавал

Една од првите асоцијации кога ќе се спомне похован кашкавал најчесто е свадба 🙂 Сепак, овој деликатесен рецепт можете многу едноставно да си го подготвите дома или кога ќе ви дојдат гости на ручек.

Состојки:

  • 400 гр мешан тврд кашкавал
  • 2 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици лебни трошки
  • масло за јадење

Начин на готвење:

  1. Кашкавалот го сечеме на 4 парчиња по отприлика 100 грама.
  2. Јајцата се матат со 1 лажица вода.
  3. Секое парче кашкавал се потопува најпрво во вода, потоа убаво се поминува од сите страни во брашно, следно во јајцата и на крај во лебни трошки.
  4. Приготвените парчиња се оставаат во фрижидер 2 часа да се стегнат.
  5. Ги пржиме во сад со загреано масло. Откако ќе се испржат, се ставаат на салфетка да се впие вишокот на масло
  6. Се сервираат со тартар сос и парчиња лимон.

На здравје!

Прочитај поврзани рецепти:

Поховани зденки

Сирење во фурна

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Бујурди – топено сирење

Топено сирење со сланина