Вистински деликатес – лута пржена урда

Вистински деликатес – лута пржена урда

Колку вкусни јадења и вистински деликатеси има на ова поднебје 🙂 Доколку не постите и сакате луто, задолжително направете го овој деликатес.

Состојки:

  • 500 гр урда
  • 3 јајца
  • млад кромид
  • феферонки
  • масло за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. На загреано масло ја ставаме урдата да се пропржи.
  2. Кромидот убаво го миеме, го сецкаме на помали парчиња и го ставаме да се пржи заедно со урдата.
  3. Феферонките исто така ги сецкаме на кругчиња и ги додаваме кај останатите состојки.
  4. На крајот ги додаваме изматените јајца и откако убаво ќе се испржат сите состојки зачинуваме по желба. Ако јадете многу луто, задолжително зачинете и со буковец 🙂

Готви со љубов и уживај во храната!

Прочитајте повеќе рецепти:

Пржена урда со сланина

Повеќе рецепти со урда

Најдобар рецепт за вртена пита

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…