Пролетта е идеално време за јадење на свежи салати. Користете го она што ни го нудат зелените пазари или маркети и правете различна салата секој ден. Тимот на Gotvi.mk, заедно со рецептот на Ана ви помага во изборот 🙂
Состојки:
- ајсберг салата
- шери или обични домати
- рукола
- маслинки
- авокадо
- мандарини
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Зеленчукот убаво го миеме. Ајсберг салатата и руколата ги ситниме на парчиња. Тоа можете да го направите со раце или со нож, по желба.
- Доматите и авокадото ги сецкаме на парчиња.
- Додаваме парчиња мандарини или свеж лимонов сок. Зачинуваме по желба.
На здравје!
Прочитај повеќе:
Повеќе Gotvi.mk рецепти за посни јадења