Неговото височество: Топло – ладен колач

Неговото височество: Топло – ладен колач

За оние што го сакаат чоколадниот вкус, ова е еден од највкусните колачи. Gotvi.mk рецепт како да приготвите топло – ладен колач во домашни услови.

Состојки:

  • 100 гр брашно
  • 5 јајца
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 5 лажици шеќер
  • 60 гр маргарин
  • топка сладолед

Начин на готвење:

  1. Во метален сад ставете чоколадо и маргарин да се топат на тивок оган и мешајте постојано.
  2. Откако содржината во садот ќе се растопи, спои во една смеса се трга и се остава да се излади.
  3. Во сад со миксер убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Смесата со чоколадото сипете ја во садот со јајцата, а потоа состојките промешајте ги со жица за матење.
  4. Постепено се додава брашното и постојано се меша. Во садот треба да добиете густа чоколадна смеса.
  5. Пред да ја ставите смесата во калапите потребо е да се измачкаат со маргарин и да се оросат со брашно пред да се стави смесата во нив.
  6. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени максимум 10 минути. Сервирајте го во чинија додека е топло, а сервирајте со топка сладолед по ваш вкус.

Повеќе рецепти за превкусни десерти тука

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Рецепт за домашни ледени коцки – десерт кој не се пропушта

На здравје!