Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Некој го сака купено од слаткарница, а некој кога е дома подготвено. Со сета почит кон слаткарниците, но за тимот на Gotvi.mk како трилечето по рецепт на Гордана Јаневска, никаде не може да се купи. Ви го откриваме рецептот 🙂

Состојки:

  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици брашно
  • 1 ванила
  • 1 прашок за пециво
  • 750мл млеко
  • 250гр млеко во прав
  • 500 мл слатка павлака (хопла)
  • готов карамел

Состојки:

  1. Се матат јајцата со шеќерот 10 минути за да се добие фина текстура. Се додаваат брашното, ванилата и прашокот за пециво и убаво се мешаат. Смесата се става да се пече во претходно подмачкано и набрашнето тавче бр. 32.
  2. Се пече 20 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испече се остава да се излади, меѓутоа не целосно, односно тестото треба да остане млако.
  3. Во меѓувреме додека се лади тестото во тенџере на оган се додаваат млекото и млекото во прав.
  4. Вариме со постојано мешање се додека млекото не почне да врие. Откако ќе зоврие вариме уште 3-5 минути и потоа ја тргаме смесата од оган и ја додаваме слатката павлака.
  5. Мешаме додека состојките да се соединат и со добиената смеса го посипуваме млакото тесто. Оставаме течноста да упие.
  6. Во меѓувреме на оган го растопуваме карамелот до степен да стане течен. Со растопениот карамел го премачкуваме колачот.
  7. Трилечето го сечеме на коцки и го оставаме неколку часа во фрижидер убаво да се олади.

Повеќе рецепти за превкусни десерти тука

Рецепт за баклава со вишни тука

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Рецепт за тигар торта за секоја прослава тука

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

singlepost_text