За сите кои не можат да го замислат својот оброк без сирење или друг млечен производ, ова е идеален рецепт 🙂
Состојки:
- 100 гр фета сирење
- 100 гр гауда кашкавал
- 100 гр овчо сирење
- 100 гр кулен/печеница/сланина
- 1 домат
- 1 пиперка
- 1 лажица путер
- 1 голема лажица павлака
- 20 мл доматно пире
- свежи печурки (шампињони)
- зачини по избор
Начин на готвење:
- Сè се сече на коцки и во претходно премачкано со путер или масло за готвење глинено тавче се реди по следниот редослед: доматен сос, домат, фета сирење, пиперка, сувомеснатите производи, печурки, сирење, павлака и на крај гаудата за да се запече. Ние употребивме печеница и кулен на Пекабеско.
- Се додаваат зачините и путерот најодозгора и се пече 15 мин во претходно загреана рерна на температура од 200 степени.
- Украсете со малку свеж магдонос по вкус.
Прочитајте поврзани рецепти:
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута
Рецепт за Бујурди – топено сирење тука
Рецепт за топено сирење со сланина тука
Повеќе рецепти кои содржат сирење тука
Најдобар рецепт за домашен чизкејк
На здравје!