Внимателно прочитајте – Неколку трикови за совршено свинско печење

Внимателно прочитајте – Неколку трикови за совршено свинско печење

Одлични совети од ресторан „Амор“ за да подготвите совршено свинско печење. Прочитајте внимателно:

Состојки:

  • 1кг свински бут
  • 1 кг грама компири
  • сол и бибер
  • масло за готвење
  • компири
  • морков
  • брокула

Начин на готвење:

  1. Пазарете свинско месо од најблискиот маркет или месарница. Од ресторанот Амор во Кочани препорачуваат изборот да биде помрсен свински бут за да биде посочен.
  2. Убаво посолете го и зачинете го со бибер, а додадете и малку лукче и магдонос. На крај полијте го со масло за готвење (сончогледово, маслиново или друго по ваш избор).
  3. Во тавата додадете моркови, брокула и повеќе компири. Ставете ги парчињата месо врз зеленчукот, а компирите кои претходно сте ги исецкале на коцки ставете ги по краевите. На овој начин во текот на печењето месото ќе добие арома и пред сè ќе омекне.
  4. Покријте го тавчето со фолија и ставете го да се пече околу 3,5 часа во загреана рерна на 120 степени. Во текот на печењето можете да додадете и малку црвено вино.

Повеќе Gotvi.mk рецепти со месо прочитајте тука

Почнете да ја припремата Велигденската трпеза. На здравје!

 

Фото: Ресторан Амор – Кочани