Проја со брашно од хељда

Проја со брашно од хељда

Хељдата е семе кое не содржи глутен, а е одлично за вита линија и намалување на холестеролот. Еве како да приготвите вкусна проја со брашно од хељда по рецепт на Леа:

Состојки:

  • 300 гр пченкарно брашно
  • 200 гр брашно од хељда
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • сол
  • 2 шолји јогурт или кисело млеко
  • сирење
  • младо кромидче

Начин на готвење:

  1. Сувите и течните состојки се мешаат одвоено, а потоа се соединуваат во поголем сад.
  2. Тестото се става во сад за печење.
  3. Одозгора се посипува со сусам.
  4. Се пече околу половина час на температура од 200 степени .
  5. Во зависност од вкусовите може да се збогати и со лук, босилок и семки, а може да додадете и сувомесни производи по вкус.

Рецепт за брза проја тука

Рецепт за куглоф проја со спанаќ и семиња тука

Рецепт за проја со сирење и праз тука

СОВЕТ: Доколку сакате тестото да биде помеко додајте и малку млеко или вода.

На здравје!

singlepost_text