Многу вкусно – Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Многу вкусно – Потпечена тава со пилешко месо и печурки

Вистински специјалитет на кој тешко ќе му одолеете. Всушност станува збор за рецепт за потпечена тава со пилешко месо, кашкавал и печурки. Превкусно!

Состојки:

  • 2 кг стек
  • 3 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 гр печурки
  • 1 лажица сенф
  • 100 мл бело вино
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 лажица црвен пипер

Начин на готвење:

  1. Измијте го стекот и ставете го во сад за варење. Додадете сол по вкус и варете 20 минути на среден оган. Откако стекот ќе се свари, исецкајте го стекот на не многу мали коцки, полијте го со масло за готвење, додајте зачинал и убаво промешајте ги парчињата стек. Оставете ги да отстојат малку.
  2. Во загреано тавче се запржува кромидот со малку масло и сол. Се додаваат претходно исецканите печурки да се пропржат заедно со кромидот. Содржината од тавчето се истура во поголем сад и се меша.
  3. Истовремено, во големиот сад се додаваат и исецканиот варен стек, сенфот, биберот, црвениот пипер, солта, магдоносот и белото вино. Сето ова убаво се промешува.
  4. Наредете во земјена тава за печење. На дното се става малку масло, а потоа се додава половина од ренданиот кашкавал кој се распоредува подеднакво на сите страни. Се ставаат 3 лажици од киселата павлака, се додаваат мешаните состојки од големиот сад и повторно се реди кашкавал и павлака (ние употребивме павлака Пекабела).
  5. Земјеното тавче се става во загреана рерна на 250-300 степени и се пече 40 минути или се додека месото не зацрвени.

Повеќе Gotvi.mk рецепти со пилешко месо тука

Можете да го сервирате со зеленчук или пржен компир, а може и без ништо. На здравје 🙂

singlepost_text