Печени шницли со зеленчук

Печени шницли со зеленчук

Овој рецепт кој ни го испрати Мартина е идеален за домашниот неделен или било кој свечен ручек. Еве како па приготвите печени шницли за 4 лица:

Состојки:

  • 2 благи компири
  • 4 обични компири
  • 5 моркови
  • 1 главица лук
  • 6 парчиња свински шницли
  • 1/2 чаша бело вино
  • зачини (сол, бибер, оригано)

Состојки за подготовка на сос:

  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мед
  • малку балсамико или сок од лимон

Начин на готвење:

  1. Шницлите се пропржуваат во тава за малку да заруменат.
  2. Во намрсена тава се редат благиот и обичен компир, како и морковите пресечени на половинки или на 3 дела. Големината на сечење зависи од големината на целите моркови и компири. Сите треба да имаат приближно иста големина. Исто така во тавата се редат и чешнињата лук.
  3. Зеленчукот се зачинува и врз него се редат шницлите.
  4. Се полева со виното и се затвора тавата со алуминиумска фолија.
  5. Сè се пече заедно околу 1 час во претходно загреана рерна на 200 степени.
  6. По 1 час се трга фолијата и се остава да се запече уште 10-тина мин.
  7. Како прилог се подготвува сосот од сенф, мед и балсамико и се прелеваат месото и зеленчукот при сервирање.

Стотици рецепти за главни јадења тука

Со овој деликатес убаво оди и црно или црвено вино. На здравје!