Ориз на мексикански начин

Ориз на мексикански начин

Овој специјалитет со ориз е многу вкусен. Исто така, ќе имате одличен оброк доколку постите. Прочитајте како да го приготвите:

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 100 гр грав
  • 1 кромид
  • 150 гр пченка
  • 1 морков
  • 200 гр спанаќ
  • масло за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Откако убаво ќе го измиете зеленчукот (грав, морков, пченка, спанаќ) ставете го во сад да се вари околу 15 минути.
  2. Кромидот го лупиме и сецкаме на ситни парчиња по што го ставаме во сад на тивок оган да се пропржи.
  3. На пропржениот кромид му го додаваме и оризот и продолжуваме со пржење уште неколку минути.
  4. Потоа ставаме вода според размерот на оризот (на една чаша ориз, три вода) и го додаваме и останатиот зеленчук.
  5. Се вари/пржи додека оризот не ја впие целата вода и потоа зачинуваме.

За повеќе посни и вегетаријански рецепти тука

Повеќе рецепти со ориз тука

Совет: За подобар вкус може да додадете и зачин од ѓумбир.