Тарт од јаболка

Тарт од јаболка

За сите љубители на разноврсните пити и тартови, Сања ни праќа превкусен рецепт за тарт од јаболка. Напоменуваме дека е многу брзо се прави, а секој ќе сака да го дознае рецептот кога ќе го проба првото парче 🙂

Состојки за тесто:

  • 250 гр брашно
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 2 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 2 лажици зејтин

Состојки за фил:

  • 4 јаболки
  • мармалад од сливи
  • 100 гр исецкани ореви
  • цимет по желба

Начин на готвење:

  1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки за тестото и го замесуваме.Потоа го размесуваме во една поголема кора и го ставаме во тава за печење.
  2. Ја премачкуваме кората со мармалад и ги редиме излупените и исецкани на парчиња јаболки, попрскуваме со ореви и цимет.
  3. Печеме околу 25 минути на температура од 220 степени.

Повеќе рецепти за солени и благи пити

Рецепт за штрудла со јаболка тука

На здравје!