ПОСНО: Свежа пролетна салата

ПОСНО: Свежа пролетна салата

Свежите салати, освен што се вкусни, неопходно е да ги конзумираме секојдневно. Веќе дојде пролетта, а со самото тоа и свежиот зеленчукот можете да го најдете насекаде.

На дел од зелените пазари цената на марулата и младиот кромид веќе се движи помеѓу 5 и 7 денари, ротквиците 10 – 15 денари за врзоп. Тоа се одлични цени, па да почнеме да ја приготвуваме пролетната свежа салата.

Состојки за 2 лица

  • 2 домати
  • 1/2 зелена салата
  • 3 млади кромидчиња
  • 3 ротквици
  • масло за јадење
  • зачини
  • оцет или цеден лимон

Измијте го зеленчикот. Доматите исечкајте ги на парчиња. Зелената салата кинете или сечете ја парчиња, а младиот кромид и ротквицата на тркалца.

Зачинете по избор. По вкус зачинете со сок од свежо цеден лимон или оцет.

Повеќе рецепти со салата тука

За повеќе посни и вегетаријански јадења тука

На здравје!