Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

„Роденден – мала забава“ 🙂 Заедничко гледање на спортски напревар, филм, викенд дружба… отидете до најблискиот супер маркет или маалска продавница и купете чипс, смоки, грисини, брускети, бејк ролс, квики… по ваш вкус.

Gotvi.mk Ви открива 2 брзи и неодоливо вкусни рецепти за со овие грицки 🙂

Доматен сос

Состојки:

  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 200 гр доматен сос или 2 поголеми домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица соја сос
  • 1 кромид ситно сецкан
  • 1 чешне лук ситно сецкано
  • 10 листа свеж босилек
  • оригано

Начин на готвење:

  1. Во тава загрејте го маслото и додадете ги кромидот и чешнето лук.
  2. Пржете 5-8 минути додека не добие златна боја.
  3. Додадете го доматниот сос (или изренданите домати), шеќерот, соја сосот и ситно исецканиот свеж босилек.
  4. Зовријте го сосот и гответе околу 5 минути.
  5. Пред самиот крај зачинете со оригано по вкус.

Сос со павлака и мајонез

Состојки:

  • 200 мл кисела павлка
  • 100 гр мајонез
  • 50 гр фета сирење
  • оригано

Сите состојки убаво се мешаат и смесата се остава во фрижидер еден час за состојките убаво да се соединат.

Готви со љубов и уживај во храната!

Прочитај поврзани рецепти:

Видеа од кулинарски рецепти, трикови и совети тука

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

ФОТО: Традиционална македонска даска

Омилената даска за мацкање на Влатко

Брзи роденденски сендвичи

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Брзо мезе за ненајавени гости