ПОСНО: Штрудла со јаболка

ПОСНО: Штрудла со јаболка

Брза штрудла со готови кори. Вкусот е неодолив и неповторлив, а добивате многу вкусен и здрав десерт за цело семејство.

Состојки:

  • 1/2 кг кори за пита
  • 1 кг јаболка
  • 100 гр суво грозје
  • презла
  • шеќер
  • цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • масло за јадење
  • шеќер во прав

Начин на готвење:

  1. Јаболката ги лупиме и рендаме. Го цедиме вишокот течност од јаболката
  2. Во јаболката додаваме шеќер по вкус (во зависност од тоа колку сакаме да биде блага штрудлата), како и сувото грозје, ванилиниот шеќер и цимет по вкус. Ја промешуваме смесата.
  3. Земаме една кора, ја попрскуваме со масло и врз неа ставаме друга кора.
  4. На втората кора нанесуваме од филот со јаболка и попрскуваме со една лажица презла. Корите ги мотаме во ролат.
  5. Постапката ја повторуваме се додека не ги потрошиме корите. Ролатите ги редиме во плех подмачкан со масло за јадење.
  6. Ги сечеме на парчиња. Печеме околу 30 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се олади посипуваме со шеќер во прав.

Повеќе рецепти за солени и благи пити тука

ВИДЕО рецепт за рози од јаболка тука

Готви со љубов и уживај во храната 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз

Брзо и посно: Печурки со сусам

Посно: Палачинки без зејтин

Брзо посно предјадење за целото семејство

Посно пире од зеленчук