Како да зготвите вкусна ципура на жар

Како да зготвите вкусна ципура на жар

Јадењето риба се смета за многу здраво, особено поради фактот што рибата е богата со омега 3 масни киселини кои се антиоксидант. Еве препорака како да приготвите ципура на жар.

Состојки:

  • 300 гр ципура
  • сол
  • лук
  • магдонос
  • маслиново масло за готвење
  • лимон
  • 100 гр компир

Начин на готвење:

  1. Исчистете ја ципурата или купете ја веќе исчистена.
  2. Посолете ја триејќи ја со прсти по целата должината. Оставете ја малку да отстои.
  3. Подгответе ја скарата на жар и убаво испечете ја рибата. Внимавајте да не загори поради јачината на жарта.
  4. Во меѓувреме, исецкајте ги ситно лукот и магдоносот и ставете ги во маслиново масло. Со вака направениот сос прелејта ја ципурата.

Сервирајте ја рибата со парчиња лимон, како и варен компир, ориз, морков, целер, брокула, блитва или со некоја салата со свеж сезонски зеленчук.

Повеќе рецепти за риба тука

Рецепт за салата од блитва и прокељ тука

Фото: Ресторан Паце – Кочани