За сите љубители на кинеската кујна, Тоше открива неколку тајни како дома да подготвите неодолива брокула со печурки. Вкусот е ист како да ја јадеш во кинески ресторан, вели тој 🙂
Состојки:
- 500 гр брокула
- 300 гр свежи печурки
- 50 гр сусам
- 50 гр лута пиперка
- 3 чешниња лук
- 50 гр ојстер сос
- 30 гр соја сос
Начин на готвење:
- Измијте ги брокулата и печурките и убаво иситнете ги на парчиња.
- Исецкајте ги и лукот и пиперката и запржете ги во тава на среден оган со малку маслиново масло, потоа додадете ги брокулата и печурките и покриете со капак додека брокулата и печурките не омекнат. Промешувајте ја содржината на тавата често.
- Потоа додадете соја сос и сусам, но не премногу за да не преовладува солениот вкус. Пржете 3 минути на силен оган.
- Додадете го ојстер сосот. Пржете на силен оган уште 3 минути и цело време промешувајте.
- На крај додадете 50 мл вода за да ја намали густината на сосовите и промешувајте уште 3 минути на силен оган.
Топ 10 Gotvi.mk рецепти со брокула тука
Рецепт за пилешко со брокула тука
Совет: Ојстер сосот е на база на шеќер и е многу густ, па од тие причини се додава многу малку, во случајот една супена лажица.
На здравје 🙂