Или народски кажано турлитава 🙂 Ако немате идеја за ручек разгледајте што зеленчук имате и направете шарена тава, предлага Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club.
Состојки:
- компир
- ориз
- морков
- брокула
- кромид
- лук
- пилешки стек
- сушен зеленчук
- сушен босилок
- хималајска сол, мелен црвен пипер, мелен црн бибер
- ладно цедено маслиново масло
Начин на готвење:
- Пилешкиот стек го вариме.
- Целиот зеленчук го сецкаме и го ставаме во тавче. Ставаме вода колку да се потопи зеленчукот и зачинуваме по вкус.
- Кога ќе испари половина од водата го додаваме свареното пилешко исецкано на коцки.
- За неколку минути ја исклучуваме рерната и пропрскуваме со маслиново масло.
- Како прилог сервирајте го со свежа салата – на пример марула салата.
Повеќе рецепти на Елена прочитајте тука
Напомена: Количината зависи од тавчето и за колку луѓе готвите.
Пријатен фамилијарен ручек!
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com